24фудбал

Не помогна ниту Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед ја загуби битката со Борусија Дортмунд за талентираниот Џуд Белингам

Голем број на извори пренесуваат дека 17 годишниот Џуд Белингам ја одбрал Борусија Дортмунд за следна дестинација и ставил потпис на петгодишен договор со „милионерите“.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Бирмингем беше мета на најголемите клубови од Премиерлигата, а Манчестер јунајтед направи огромен напор да го донесе во своите редови.

Во март, Џуд Белингам и неговото семејство имаа прилика од прва рака да се запознаат со инфраструктурата на клубот, направија прошетка во тренинг комплексот во Карингтон а се сретнаа и со Сер Алекс Фергусон.

Сепак, ниту легендата на „ѓаволите“ не помогна, Џуд Белингам реши кариерата да ја продолжи во Бундеслигата, во редовите на Борусија Дортмунд.

Голем број на извори пренесуваат дека 17 годишното момче ставило потпис на петгодишен договор со „милионерите“ и ќе направи трансфер вреден 20 милиони фунти.

Една од причините за одлуката на Џуд Белингам е Џејдон Санчи и како напаѓачот доби минутажа и блесна на европската сцена по преселбата од Манчестер Сити на „Сигнал Идуна Парк“.

Англичанецот во Дортмунд се трансформираше во еден од најдобрите млади фудбалери и сега се поврзува со враќање на „островото“ во трансфер вреден 100 милиони фунти.