24фудбал

Арсенал го сака Гризман, нуди двајца играчи во замена за Французинот

Од „островото“ пристигнува информација која вели дека Арсенал е подготвен да ги понуди Пјер Емерик Обамејанг и Матео Гендузи во замена за Антоан Гризман од Барселона.

Шпанија

Антоан Гризман минатото лето се пресели на Камп Ноу во трансфер вреден 120 милиони евра, но неговата прва сезона во Барселона не оди според планот. По ре-стартот на Ла Лига, напаѓачот ужива мала доверба од Кике Сетиен, особено на клучните натпревари.

Чашата беше прелиена на дербито со Атлетико Мадрид кога Антоан Гризман доби шанса дури во 90. минута. Се говори дека неговата сестра/агент бара итен состанок со раководството за да се разјасни ситуацијата а медиумите шпекулираат со можен трансфер.

Од Англија пристигнува информација дека Французинот е желба на Арсенал. Клубот од Северен Лондон е подготвен да понуди двајца играчи, односно Пјер Емерик Обамејанг и Матео Гендузи.

Во меѓувреме, во Италија пак се шпекулира за нова трампа помеѓу Барселона и Јувентус. „Каталонците“ го понудиле Антоан Гризман на „старата дама“ а за возврат ги побарале Даглас Коста и Адриeн Рабио.