24фудбал

Рохо за карактерот и менталитетот на Ибрахимовиќ: По само два дена беше газда во соблекувалната на Манчестер јунајтед!

Маркос Рохо раскажа интересна приказна со Златан Ибрахимовиќ која многу говори за карактерот и менталитетот на напаѓачот, Швеѓанецот по само два дена во клубот командувал во соблекувалната.

Англија

Златан Ибрахимовиќ можеби има големо его, но има и голем победнички менталитет. Напаѓачот не поднесува порази, па често знае да ги подбере соиграчите кои не го даваат максимумот.

Маркос Рохо раскажа интересна приказна со Швѓанецот која многу говори за карактерот и менталитетот на голгетерот, Ибра по само два дена во клубот командувал во соблекувалната.

„Игравме пријателски натпревар со Галатасарај во Шведска. Тој штотуку пристигна во клубот но и покрај тоа беше стартер. По само неколку минути постигна атрактивен гол, но противникот потоа доминираше и замина на пауза со предност. Па кога на полувреме влеговме во соблекувалната, тој удираше по што ќе стигне, се дереше и ги навредуваше дефанзивците. Бараше да излезат напред, да не се бранат толку длабоко. Само два дена беше дел од клубот, а веќе беше газда во соблекувалната“ - вели Аргентинецот.

„Сите се плашеа од него. Верон беше тежок човек, но овој е скалило погоре. Ќе го удриш, он ќе те удри посилно“.