24фудбал

Борнмут го налути Манчестер јунајтед па прими пет гола (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со убедливи 5-2 го победи Борнмут, Лестер со 3-0 славеше над Кристал Палас, Вардар го постигна 100. гол во Премиерлигата.

Англија

Манчестер јунајтед одигра одличен меч против Борнмут иако почетокот не беше најдобар за тимот на Солшер.

Во 15. минута Борнмут поведе откако Станислас му ја протна топката меѓу нозе на Мегваер и од мртов агол ја затресе мрежата на Де Хеа.

Манчестер јунајтед брзо се совзема и до крајот на првото полувреме не само што го сврте мечот туку поведе и со 3-1. Головите ги постигнаа Гринвуд, Рашфорд од пенал и Марсијал со прекрасен удар од далечина.

По четири минути игра во вториот дел Баи играше со рака, судијата покажа пенал за Борнмут, а Кинг намали од белата точка на 3-2.

Надежта на гостите дека можат да заминат непоразени од Олд Трафорд брзо згасна. Гринвуд даде уште еден гол, а потоа погоди и Бруно Фернандеш за конечни 5-2.

Лестер дојде до првиот триумф по рестартот на сезоната откако на свој терен го победија Кристал Палас со 3-0.

Мрежите мируваа во првиот дел, а во второто плувреме Ихеначо во 49. минута донесе водство за Лестер, до крајот следуваа два гола на Варди.

За Џејми Варди тоа беа 100. и 101. гол во Премиерлигата.