24фудбал

Чави ја продолжи верноста, останува тренер на Ал Сад до 2021... но со клаузула и одврзани раце за Барселина

Ал Сад попладнево соопшти дека Чави ставил потпис на нов договор и ќе продолжи на тренерското столче и во сезоната 2020/21, сепак ќе има и откупна клаузула и одврзани раце за враќање во Барселона.

Останато

Чави во јануари имаше понуда да ја превземе Барселона, но легендата на „каталонците“ реши дека ова не е идеален момент за ваква авантура.

Резултатите и играта под водство на Кике Сетиен не се на потребното ниво, па често се говори за негово враќање на Камп Ноу. Но наместо да пристигне вест за договор со Барса, попладнево беше соопштено дека тој ставил потпис на нов договор со Ал Сад и ќе продолжи на тренерското столче на клубот од Катар и во сезоната 2020/21.

Сепак, Чави добил и клаузула и одврзани раце за заминување доколку му се укаже шанса да го превземе кормилото на Барселона.