24фудбал

Снајдер за чудните правила на Мурињо во Интер: Знаеше дека пушиме и пиеме... никој немаше м*да да му рече нешто

Весли Снајдер сподели детали од начинот на кој Жозе Мурињо раководел со соблекувалната во Интер, вели дека намерно им оставал на играчите поголема слобода за тие да играат подобро.

Италија

Жозе Мурињо во 2010 испиша историја и на Интер му ја донесе тројната круна и титули во Серија А, Купот на Италија и Лигата на шампиони.

Во таа генерација на „нероаѕурите“ имаше одлична хемија, фудбалерите се уште се во контакт, а Весли Снајдер сега откри како „специјалниот“ раководел со соблекувалната.

„Мурињо си имаше свои закони, и играчите го обожаваа. Знаеше како да се справи со нас. Ни велеше, „Ќе ви дадам поголема слобода од тоа што сте навикнати, но за возврат, ќе добијам подобар тим“. За време на натпреварите бараше да гинеме на терен, но навор од теренот ни оставаше простор. Пиевме, пушевме... и сигурен сум дека тој знаеше за ова“ - вели Холанѓанецот.

„Ни даде да избираме со каква облека ќе се појавиме и покрај тоа што имавме спонзор и требаше да носиме костуми. Ни рече дека не мораме да носиме костуми доколку не се чувствуваме комфорно, „Вие сте фудбалери а не модни кукли“. Важни му беа три работи, да тренираме напорно, да бидеме фокусирани и да се забавуваме.

„Па сите се појавувавме во тренерки или фармерки. Носевме маички во секакви бои, на моменти беше многу смешно но никој во Интер немаше м*да да му каже нешто за ова“.