24фудбал

Како Мурињо го понижил Балотели во финалето од Лигата на шампиони во 2010

Весли Снајдер раскажа како Жозе Мурињо го понижил Марио Балотели во финалето од Лигата на шампиони во 2010, Португалецот му вратил со камата за лошото однесување во текот на сезоната.

Италија

Холанѓанецот во разговор со Мирор објасни како Жозе Мурињо успешно раководел во соблекувалната на Интер и на фудбалерите им дал поголема слобода од вообичаеното но за возврат барал да гинат на теренот.

И додека најголемиот дел од играчите се придржувале до ова, Марио Балотели имаше неколку испади таа сезона. Португалецот на крајот му вратил со камата и го понижил во финалето од Лигата на шампиони.

„Мурињо секогаш не заштитуваше, но нема задевање со него“ - вели Снајдер.

„Марио Балотели се обиде. Беше млад и мислеше дека знае сè. И кога Мурињо не му даваше минутажа, една вечер Марио влезе во мојата соба додека седев со неколку соиграчи. Беше 22:30 часот и тој рече, „Си одам од тренинг центарот, тренерот не смета сериозно на мене. Сакам поголема минутажа“. Мурињо потоа му рече на Балотели дека ќе му прости и ќе го прими назад доколку се извини на целиот тим, и на него. Марио се извини, па двајцата се прегрнаа. Повторно сè беше добро, или барем така мислеше Балотели“.

„За време на финалето од Лигата на шампионите, Мурињо го испрати Балотели на загревање, Марио се загреваше 45 минути а на крајот во игра влезе Марко Матераци. Мурињо има свои закони“.