24фудбал

Пандев даде гол со десна, Џенова во драматичен финиш дојде до бод во Удине (ВИДЕО)

Горан Пандев го постигна осмиот гол оваа сезона во Серија А, Џенова одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Удинезе за кој стартер беше Несторовски.

Италија

Несторовски беше стартер за Удинезе, а излезе од игра во истата минута кога Пандев влезе, тоа беше 59. минута.

Иако играше помалку, повпечатлив беше настапот на Горан Пандев кој со убав погодок надвор од шесанесетникот со десна нога во 81. минута ја врати Џенова во игра најмаувајќи на 2-1.

Претходно Удинезе со головите на Фофана и Лазања дојде до убава предност од 2-0.

Кога се чинеше дека Удинезе ќе дојде до победата, беше досуден пенал за Џенова во 95. минута, Пиамонти најпрво промаши, но топката се одби до него, погоди од втора за конечни 2-2.