24фудбал

Саутемптон го победи Манчестер Сити, Едерсон прими гол од 40 метри (ВИДЕО)

Саутемптон благодарение на прекрасен лоб на Адамс од огромна далечина го победи Манчестер Сити со 1-0.

Англија

По убедливата победа над Ливерпул, тимот на Пеп Гвардиола денеска загуби на гостувањето кај Саутемптон.

Клучниот момент се случи во 16. минута кога Адамс со својот прв премиерлигашки гол му донесе победа на Саутемптон. Едерсон беше истрчан, Сити ја загуби топката а Адамс од огромна далечина лобуваше.

Потоа, особено во второто полувреме се играше постојано пред голот на Саутемптон, но Манчестер Сити не го најде патот до мрежата на домаќините кои одиграа фантастична одбрана.