24фудбал

Наполи го доби дербито со Рома, Елмас доби десетина минути (ВИДЕО)

Наполи со 2-1 славеше против Рома и се изедначи со римската волчица на табелата, Елиф Елмас во игра влезе во финишот од мечот.

Италија

Наполи и Рома одиграа меч полн со шанси, но головите дојдоа во вториот дел од мечот.

Резултатот беше отворен во 55. минута кога по асистенција од Марио Руи, Каљехон погоди за водство на Наполи од 1-0.

Кратко траеше радоста на домаќините, пет минути подоцна Мхитаријан го изедначи резултатот на 1-1.

Во 82. минута Инсиње постигна прекрасен гол со кој ги постави конечните 2-1.

Елиф Елмас во игра влезе во 85. минута и со судиското продолжение одигра десетина минути.

Рома и Наполи се на петтото и шестото место на табелата со по идентични 48 бодови.