24фудбал

Барселона конечно одигра моќен натпревар, спектакуларен гол на Гризман (ВИДЕО)

Барселона го одигра најдобриот натпревар под водство на Сетиен, создаде многу шанси и победи на гостувањето кај Виљареал со 4-1.

Шпанија

Конечно Барселона го покажа потенцијалот со кој располага, по серија неубедливи натпревари, Каталонците конечно заиграа како што им доликува.

Голманот на Виљареал, Асењо иако прими четири гола беше најдобриот поединец на домаќините.

Резултатот беше отворен уште во третата минута кога Торес си постигна автогол за водство на Барса од 1-0.

Виљареал брзо се врати во мечот, во 14. минута Морено изедначи на 1-1, но само шест минути подоцна Суарез погоди по асистенција на Меси и го врати водството на Барса.

Пред крајот на првото полувреме, Меси асистираше со пета до Гризман кој со фантастичен лоб удар реализираше за 3-1. Прекрасен гол на Французинот.


Во 69. минута и Меси даде гол, но ВАР му го поништи поради офсајд во акцијата.

Конечните 4-1 ги постави Ансу Фати во 86. минута од натпреварот.

На четири кола до крајот на првенството Реал Мадрид има четири бода предност пред Барселона.