24фудбал

Првиот човек на Ла Лига: Недозволиво е клуб од реномето на Реал по само 20 минути по последниот свиреж да се јавува и жали од судиите

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас признава дека ВАР креирал многу контроверзија и дека системот мора да се подобри, тој исто така уште еднаш го прекори Реал Мадрид и реакцијата на „кралевите“ до судиите од пред половина година.

Шпанија

Хавиер Тебас ги прокоментира случувањата во последните неколку кола од најсилното првенство на Шпанија и призна дека имало многу контроверзии.

Првиот човек на Ла Лига вели дека системот мора да се подобри и уште еднаш го прекори Реал Мадрид и реакцијата на „кралевите“, кога Флорентино Перез лично му се јавил на Луис Рубиалес за де се пожали за начинот на кој се дели правдата.

„Мораме да го подобриме ВАР, не смеме да останеме глуви и неми на контроверзијата која се случува. Гледаме дека се случуваат големи грешки и тоа на многу натпревари“ – вели Хавиер Тебас.

„Недозволиво е клуб од реномето на Реал Мадрид по само 20 минути од крајот на натпреварот да се јавува и жали од судиите. Тоа не им од корист на судиите, веројатно креираше поголема тензија. Треба да се погрижиме судиите да бидат инволвирани во што помалку контроверзни одлуки и секако, не ни помага тоа што сме соопштиле дека сме разговарале со претседателот на Реал Мадрид за ВАР“.

Кога првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, Луис Рубиалес во јануари отрки дека се слушнал со Флорентино Перез и ги потврди шпекулациите на медиумите, Хавиер Тебас веднаш реагираше уште тогаш.

„Гледаме дека се променија одредени работи, едни беа случувањата пред и по разговорот на Флорентино со Рубиалес, ова креираше проблем“ – изјави Тебас пред неколку месеци.