24фудбал

Дортмунд со ултиматум до Манчестер јунајтед за трансферот на Џејдон Санчо

Медиумите од Германија пренесуваат дека раководството на Борусија Дортмунд поставило услови за реализирање на трансфер на Џејдон Санчо, Манчестер јунајтед ќе мора да плати 120 милиони евра и тоа до почетокот на август.

Германија

Со месеци се пишува дека Манчестер јунајтед е најсериозен кандидат за потписот на Џејдон Санчo и наводно Англичанецот си договорил со „ѓаволите“ петгодишна соработка и плата од 140.000 неделно, која ќе порасне до 200.000 фунти неделно.

Останува уште клубот од Олд Трафорд да пронајде заеднички јазик со Борусија Дортмунд, но ова е потешкиот дел од задачата.

Според пишувањата на „Рурнахрихтен“, раководството на „милионерите“ испратило ултиматум до Манчестер јунајтед.

„Ѓаволите“ се известени дека мора да платат 120 милиони евра за ангажман на Џејдон Санчо. И не само тоа, Манчестер јунајтед мора одлука да донесе до почетокот на август и покрај тоа што трансфер пазарот ќе биде отворен до октомври.