24фудбал

Агентот го впери прстот во Зидан: Тој е причината поради која Ашраф замина од Мадрид, прашајте го зошто

Агентот на Ашраф Хакими вели дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е причината поради која фудбалерот направил трансфер во Интер.

Шпанија

Ашраф Хакими ова лето од Реал Мадрид направи трансфер во Интер откако две години играше на позајмица во Борусија Дортмнд.

Неговиот агент, Алехандро Камано вели дека Зидан е причината поради која Ашраф се преселил во Интер, но не открива детали.

„Зидан е причината поради која Ашраф потпиша за Интер“, изјави Камано за мароканскиот медиум „Ал Монтахаб“.

„Сега тој нека објасни зошто Ашраф си замина“.

„Мислам дека враќањето во Реал Мадрид во моментов не е идеално поради тоа што таму е Дани Карвахал“.

„Сигурен сум дека иднината на Ашраф ќе биде светла откако го направи овој чекор“.

Агентот откри и дека Антони Конте имал клучна улога во убедувањето на Ашраф да потпише за Интер.

„Конте секогаш беше во контакт со нас. Тој му кажа на Ашраф за клупскиот проект и кога тренерот инсистира да ве има вас во тимот, тоа значи дека претставувате значаен дел од проектот на клубот“.