24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Фокусот на Челси, може ли Вилијан да продолжи во исто темпо?

Во едно мошне брзо темпо, од утревечер започнуваат возбудувањата во рамките на 34. рунда натпревари во англиската Премиерлига, изборот се стеснува на две до три екипи кои и натаму имаат активна битка за позиции.

Англија

Добредојдовте во уште една анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“, како помошна алатка за нашите натпреварувачи во „Фантази Премиерлигата“ кои ги има близу осум илјади од вкупно над седум милиони натпреварувачи ширум светот.

До моментот на објавување на самата анализа, се уште не е ниту започнат дуелот помеѓу Тотнем и Евертон во последниот меч од 33. коло во Премиерлигата, но, како и да е, пред нас, утревечер се веќе три меча на програмата од 34. коло, па ќе се обидеме да допринесеме да помогнеме за повеќе бодови за натпреварувачите од нашата земја.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Најнапред, не можеме, а да не го сокриеме разочарувањето од големите очекувања од Манчестер јунајтед, не од тимот во генерална основа, туку во 100% сигурноста дека „Црвените ѓаволи“ ќе ја сочуваат мрежата од својот гол во дуелот на домашен терен против Борнмут, за жал мечот заврши со убедлива победа на домаќините, но со резултат 5-2, а Де Хеа и Ван-Бисака не остварија бодови од клин-шит.

До моментот на објавување на анализата генералниот просек на освоени бодови изнесува 44, нашиот избор без Сон до моментов носи 47 бода, а  Ентони Марсијал, кого го препорачавме за капитен на колото, реализираше две асистенции, а притоа постигна и еден гол за вкупни 28 бода.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Борнмут е шанса за нов блесок наМарсијал

Во воведниот дел од анализата, односно во пресрет на предлог-составот на колото, ќе обрнеме внимание и на актуелната ситуација на трансфер пазарот, сосема вообичаено, предничат фудбалерите од Манчестер јунајтед, клуб кој има одличен распоред до крајот на сезоната, но и одлична форма засега.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Прв на листата најкупувани фудбалери е младата ѕвезда Мејсон Гринвуд, кој има доста скромна цена на пазарот, а во последните две кола вкупно освои 25 бода, односно, постигна три гола, а запиша и една асистенција. По него следи неговиот соиграч Бруно Фернандеш, за водечката тројка да ја комплетира Вилијан, моторот на Челси.

Во водечката петорка место има за уште Марсијал од Манчестер јунајтед кој исто е во одлична форма, како и Фил Фоден од Манчестер Сити, меѓутоа, евидентно е дека последниот знае да „настрада“ на моменти во ротацијата која често ја прави Пеп Гвардиола, за што се докажа и ова коло.

Речиси и  да нема некои посебни изненадувања на листата на најпродавани фудбалери, прв е Џон Лундстрам од Шефилд Јунајтед, кој се повреди, а по него следи Раул Хименез од Вулверхемптон, а водечката тројка на оваа листа ја комплетира Џек Грилиш од Астон Вила. По нив следат Калверт-Луин од Евертон, односно Адама Траоре од  Вулверхемптон.


Една мошне кратка увертира за тоа што следи, за очекување е Челси на гостувањето кај Кристал Палас, односно Манчестер јунајтед кај Астон Вила да обезбедат гостински победи, односно да ја оправдаат фаворитската улога, сосема логично, фокусот е токму на овие две екипи кои имаат голема битка за четвртото место на табелата кое засега го поседува Челси.

Од останатите натпревари, тотнем е апсолутен фаворит на гостувањето кај Борнмут, екипа која беше доста амбициозна, меѓутоа сезонава не може да се пронајде себе си, па и се заканува преселба вопонизок ранг.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во однос на голманската позиција, како и претходно, така и за ова коло речиси и да немаме дилеми дека најдобар избор е Давид Де Хеа (5.3), иако со доза на разочараност што индиспонираниот сезонава, Борнмут постигна два гола на „Олд Трафорд“, меѓутоа се чини дека гостувањето кај  Астон Вила би требало да биде лесен плен за избраниците на Оле Гунар Солшер, како и голема можност за победа без примен гол, што би придонела за бодови од клин-шит за шпанскиот голман.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

За ова коло топло препорачуваме да одиграте во формациска поставеност од 5-3-2, со тоа што би се форсирале бекови кои инаку природно играат како крила, нешто понапред, а често ги гледаме во казнените простори на противниците, па во однос на овие позиции ќе почнеме со Арон Ван-Бисака (5.5) од Манчестер јунајтед кој запиша 12 бода во последните три меча, со вкупно две асистенции.

Помалку го подзаборавивме Трент Александер-Арнолд (7.8), тој со својот Ливерпул гостува кај Брајтон, новиот шампион на Премиерлигата е апсолутен фаворит на ова гостување, па доколку нема некои посебни ротации од страна на Јирген Клоп, за очекување е Арнолд да покаже што знае и умее на овој меч.

Во воведниот дел најавивме дека Тотнем е апсолутен фаворит на гостувањето кај Борнмут, па така нема да биде лош изборот на Серж Орие (5) кој ја доби довербата кај Жозе Мурињо, а воедно е доста опасен играјќи пострана, во вид на крило.

Лукас Дињ (5.7) од Евертон им е доста познат на натпреварувачите, прв изведувач на прекините за „Карамелите“, кој запиша две асистенции во последните два меча за својот тим, дуелот против Саутемптон на домашен терен за него е нова можност за дополнителни бодови зад неговото име.

Цесар Аспиликуета (5.7) од Челси е одличен избор за претстојното коло, стандарден во замислите на Френк Лампард, а ние ќе го селектираме и покрај фактот што гостувањето кај Кристал Палас може да биде доста незгодно за „Сините“.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Ентони Марсијал (8.3) од Манчестер јунајтед секако е дел од нашиот избор, многу пати појаснивме дека Французинот се води како фудбалер од средниот ред, меѓутоа всушност во реалноста настапува како централен напаѓач во екипа која игра доста офанзивен фудбал, гостувањето кај Астон Вила треба да биде лесен плен за избраниците на Оле Гунар Солшер, а кога сме кај Марсијал, тој запиша неверојатни 38 бода во последните три меча, каде реализираше четири погодоци, а притоа запиша уште и две асистенции.

Сон (9.7) две кола во низа запишува асистенција зад своето име, а Жозе Мурињо во поразот кај Шефилд Јунајтед го играше Кореецот заедно со Хари Кејн во нападот, гостувањето кај Борнмут е можност за нешто повеќе од асистенција за Сон.

Челси по рестартот запиша четири победи во низа, а во истите Вилијан (7.2) запиша четири погодоци зад своето име, како за илустрација за формата на искусниот Бразилец, тој забележа 34 бода во последните четири меча за Челси, односно од рестартот на сезоната, меѓутоа, имаме една дилема, дали Вилијан може да продолжи во исто темпо, односно дали Лампард овој пат ќе ротира за да го одмори?

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Оние што добро ја познаваат „Фантази Премиерлигата“ ќе утврдат дека во средниот ред ние препорачавме всушност фудбалери кои играат како напаѓачи во своите тимови, а двоецот во нападот од нашиот избор ќе го започнеме со Хари Кејн (10.9) од Тотнем, кој својата форма може на големо да ја врати против катастрофалниот сезонава, Борнмут.

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини (6.2) има пост од цели пет меча без постигнат гол, меѓутоа тоа може да се промени во голема мера во дуелот на домашен терен против еден од директните ривали за опстанок, Норич, односно екипа која многумина веќе ја сметаат за старо-нов второлигаш во Англија, а доколку Вотфорд сака да го потврди опстанокот, дефинитивно немаат поубава можност од оваа.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


Предлог-состав: ДЕ ХЕА (5.3) / ВАН-БИСАКА (5.5), АРНОЛД (7.8), ОРИЕ (5), ДИЊ (5.7), АСПИЛИКУЕТА (5.7) / МАРСИЈАЛ (8.3), СОН (9.7), ВИЛИЈАН (7.2) / КЕЈН (10.9), ДИНИ (6.2)

Капитен: Кејн

Заменик-капитен: Марсијал

 

Во крајниот дел од анализата, стандардно ќе се осврнеме барем накратко и на моменталната ситуација на табелата во генералниот пласман на „Македонија“, како и лигата на „24фудбал“.

Во лигата каде се вброени сите натпреварувачи од нашата земја, прв на табелата е Давид Трајчевски со досега освоени 2105 бода, имате можност да се запознаете со неговиот избор.


Што се однесува пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Бојан Јовановиќ со досега освоени 2069 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe