24фудбал

Вердер и 57. сезона ќе игра во Бундеслига, на успехот се израдуваа и Дортмунд и Хофенхајм (ВИДЕО)

Вердер Бремен одигра 2-2 на гостувањето кај Хајденхајм па успеа да се обезбеди опстанок, вестите се добредојдени и за Борусија Дортмунд и Хофенхајм.

Германија

Вердер Бремен беше на прагот на преселба во втора лига, но некако успеа да го фати последниот воз за двомечот за бараж, а таму без да го победи Хајденхајм, обезбеди опстанок.

„Зелено-белите“ останаа во елитата благодарејќи на правилото гол во гости. Откако првиот меч заврши 0-0, вечерва Вердер Бремен на гостувањето кај Хајденхајм се избори за 2-2 па следната сезона ќе им биде 57-ма во Бундеслигата.

Вестите се добредојдени и за Борусија Дортмунд и Хофенхајм. Со обезбедениот опстанок се активираат клаузули со кои Вердер Бремен треба да го купи Омер Топрак за 4 милиони евра и Леонардо Битенкурт за 7 милиони евра.