24фудбал

Чешмеџиев промовиран во Вележ: Од татко ми и дедо ми знам колку е голем овој клуб

Македонскиот дефанзивец, Константин Чешмеџиев е промовиран во ново засилување на босанскиот клуб Вележ.

Македонија

Константин Чешмеџиев фудбалската кариера ја продолжува во славниот босански клуб Вележ од Мостар кој во минатото два пати го освојуваше и Купот на Југославија.

„Константин Чешмеџиев е ново засилување на ФК Вележ Мостар. 24-годишниот Македонец потпиша договор на две години откако ги помина лекарските прегледи“, стои во соопштението на клубот.

Чешмеџиев вели дека од постарите негови слушнал колку голем клуб бил Вележ во времето на Југославија.

„За клубот знам од татко ми и дедо ми дека бил сериозен клуб во поранешна Југославија и дека е клуб со голема традиција кој има многу добри навивачи. Целите на клубот се високи, сакаме да излеземе во Европа и се надевам дека ќе успееме во тоа“, изјави Чешмеџиев на промоцијата.

Toj во Вележ доаѓа на местото од Коста Манев кој не се договори за продолжување на соработката. 

Ова е прв странски предизвик за Чешмеџиев кој претходно го носеше дресот на Шкендија, Акдемија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Работнички.