24фудбал

Првиот човек на Барселона испрати порака до Нејмар и Лаутаро Мартинез

Претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу вели дека ќе биде тешко да се купи играч како Нејмар но ја остави отворена вратата за трансфер на Лаутаро Мартинез, но дури по крајот на сезоната.

Шпанија

Медиумите со месеци шпекулираат за враќање на Нејмар на Камп Ноу, наводно Бразилецот има пакт со ПСЖ и дозвола да направи трансфер во Барселона доколку пристигне понуда од 170 милиони евра.

Сепак, првиот човек на „каталонците“, Жозеп Мариа Бартомеу вели дека ова лето тешко ќе се реализира еден ваков трансфер.

„Од економска гледна точка, ова лето ќе биде прилично проблематично за сите, особено за големите клубови. Ќе треба да се реорганизираме и реконструмираме поради пандемијата, па тешко дека ќе може да се купи Нејмар или да се изведе слична зделка“ – вели претседателот на Барселона.

Долго се пишува и за трансфер на Лаутаро Мартинез. Интер порача дека Аргентинецот може да замине само доколку некој ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра, која е активна само уште денеска.

Жозеп Мариа Бартомеу ја остави вратата отворена за пристигнување на Аргентинецот, но дури по крајот на сезоната.

„Штом клаузулата на Лаутаро истекува денес, нека истече. Ние не ставаме краен рок, ќе направиме трансфер кога сметаме дека треба да направиме. Во моментов сме фокусирани на Ла Лига и Лигата на шампиони, за трансфери ќе му ја мислиме по крајот на сезоната“.