24фудбал

Ростов го потврди големиот трансфер на Тошевски

Македонскиот напаѓач, Давид Тошевски од Работнички се пресели во Ростов за кој потпиша петгодишен договор, рускиот клуб го потврди трансферот.

Македонија

Работнички уште еднаш покажа дека знае како да ги продава своите фудбалери, клубот од Дебар Маало од овој трансфер ќе инкасира 900.000 евра.

Тошевски потпишува петгодишен договор според кој за тој период ќе заработи вкупно два милиони евра.

Ростов го потврди ангажманот на Давид Тошевски.

„Ростов и Работнички постигнаа договор за трансфер на 18-годишниот фудбалер. Нашиот клуб потпиша петгодишен договор со Давид Тошевски. Му посакуваме на Давид добредојде во Ростов и желби за добри игри во жолто-синиот дрес“, се вели во соопштението на Ростов.