24фудбал

ВАР им даде крилја, Милан со магичен пресврт и три гола за пет минути го реши Јувентус (ВИДЕО)

Луд натпревар на Сан Сиро, Јувентус набрзина поведе со 0-2 но потоа следуваше магичен пресврт и три гола на Милан за пет минути, на крајот „росонерите“ славеа со 4-2.

Италија

Милан за само неколку дена ги преслуша двете водечки екипи во Серија А, откако ви саботата славеше со 0-3 на гостувањето кај Лацио, вечерва го совлада Јувентус со 4-2.

Почетокот на второто полувреме на навестуваше ваков исход, Рабио со прекрасен гол донесе водство од 0-1, а потоа Кјер и Ромањоли се судрија и му овозможија на Роналдо да погоди за 0-2.

Сепак, ВАР им даде крилја на „росонерите“ па следуваше магичен пресврт и три гола за пет минути.

Едно играње со рака на Бунучи беше прегледувано, Гвида реши да покаже на белата точка а Златан Ибрахимовиќ ја реализираше најстрогата казна и донесе 1-2. Потоа следуваше одлична акција по која Кеси изедначи на 2-2. Веќе го следниот напад резултатот на семафорот гласеше 3-2.

Беше пуштена предност иако имаше прекршок над Ребиќ, Леао тргна сам против сите и успеа да го изненади Шчесни на првата статива за огромна радост.

Јувентус беше на колена, па во 80. минута Алекс Сандро лошо врати една топка а Ребиќ ја затресе мрежата на гостите за 4-2.