24фудбал

Сари: Што да ви кажам, 60 минути бевме светска класа... потоа ни се случи помрачување

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари вели дека еден час имале целосна контрола на мечот, но потоа им се случило помрачување од 15 минути и затоа загубиле од Милан.

Италија

Јувентус со пораз си замина од Милано и покрај тоа што имаше предност од 0-2. „Росонерите“ приредија магичен пресврт, за пет минути три пати ја тресеа мрежата на „старата дама“ и на крајот славеа со 4-2.

„Што да ви кажам. Мислам дека 60 минути бевме светска класа, имавме контрола и потоа ни се случи помрачување. Нема да имаме никаква корист ако премногу мислиме на ова бидејќи за три дена не чека нов натпревар. Ни се случи целосно помрачување кое траеше петнаесетина минути, но можеме да извадиме одредени позитивни работи. На пример, еден час имавме целосна контрола“ – вели Маурицио Сари.

„Вообичаено не може да се најде причината за вакво необјасниво помрачување, на многу тимови им се има случено“.

„Точно дека не ни е прв пат психички да паднеме откако ќе примиме гол. На некои натпревари одигравме прилично лоши и сосема заслужено загубивме, но не и вечерва. Вечерва одигравме добро, ситуацијата е сосема различна од поразите против Верона и Наполи“.

„Па најдобро е да се фокусираме на следниот натпревар, доколку претераме со анализата тоа може да биде контрапродуктивно и да се загуби се она што беше добро сработено до сега“.