24фудбал

Ибрахимовиќ: Јас сум претседател, играч и тренер, негативно е само што добивам една плата!

Златан Ибрахимовиќ беше расположен по победата над Јувентус, па се шегуваше во негов препознатлив стил.

Италија

Јувентус водеше со 2-0, а потоа Ибрахимовиќ реализираше пенал и имаше асистенција, Милан изедначи на 2-2. Швеѓанецот беше изваден од игра, а неговиот тим погоди уште два пати и победи со 4-2.

„Стар сум, тоа не е тајна! Но годините се само бројка. Работам добро, имам добар баланс, овој пат играв повеќе од минатиот натпревар. Се чувствувам добро и се обидувам да му помогнам на тимот на мој начин“, вели Ибра по мечот.

Откако излезе од игра тој остана крај аут линијата и ги бодреше своит соиграчи до крајот на мечот.

„Јас сум претседател, играч и тренер! Негативно е само што добивам една плата, таа за играч! Доколку бев тука од првото коло сезонава, тогаш ќе го освоевме Скудетото“.

Запрашан дали ќе остане во Милан и следната сезона, тој одговори:

„Ќе видиме, ќе видиме. Имам ушт еден месец да уживаме, но се случува чудна ситуација и немаме контрола над тоа“.

„Чудно е да се игра зад затворени врати, доколку Сан Сиро беше полн денеска, ќе беше прекрасно“.

„Навистина уживам во Милан, бев во Америка, се повредив, сакав повторно да се почувствувам жив. Имам 38 години, го немам телото кое сум го имал, но доволно сум паметен. Не се обидувам да ги правам истите работи кои ги правев кога имав 20 години“.

„Доколку не правам разлика, тогаш не би играл. Не сум тука за да бидам маскота. Тука сум да им помогнам на соиграчите, клубот и фановите“.