24фудбал

Жунињо искрен: Ние Бразилците сме алчни за пари, Нејмар отиде во ПСЖ поради милиони

Легендарниот Жунињо вели дека во Бразил се негува култура со која фудбалерите се учат да бркаат пари и додава дека Нејмар е калсичен пример за ова, напаѓачот се преселил во ПСЖ поради милиони.

Останато

Нејмар во 2017 реши да ја напушти Барселона и да се пресели во ПСЖ во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра. Но кратко потоа почнаа да кружат гласини дека напаѓачот не е среќен во Париз и сака да се врати на Камп Ноу.

Минатото лето имаше обид за трансфер, се преговараше до последен ден, но не падна договор па Бразилецот остана на „Паркот на Принцовите“. И сега се говори за негово враќање во Барселона, а дали нешто ќе се случи останува да видиме.

Во меѓувреме, легендарниот Жунињо вели дека во Бразил се негува култура со која фудбалерите се учат да бркаат пари и додава дека Нејмар е класичен пример за ова, напаѓачот го облекол дресот на „светците“ поради милиони.

„Во Бразил не учат да мислиме само на пари, во Европа има поинаков менталитет. Несвесно и јас направив план за кариерата на основа на парите. Сакав да се преселам во голем клуб, но не поради спортски причини. Ме учеа да одам онаму каде што ќе ме платат најмногу. Тоа е бразилскиот начин“ – вели поранешниот фудбалер на Лион и Васко де Гама.

„Погледнете го Нејмар. Се пресели во ПСЖ само поради парите. ПСЖ му даде се што посака, и сега сака да замине пред истекот на договорот. Но сега е време да им врати, да покаже благодарност. Нејмар мора да го даде максимумот на терен, да покаже целосна посветеност, одговорност и лидерство“.

„Проблем е тоа што во Бразил се негува култура со која фудбалерите се учат да бидат алчни и да бараат повеќе пари“.

„Ако зборуваме за Нејмар фудбалерот, тој е помеѓу најдобрите тројца во светот, на исто ниво со Кристијано Роналдо и Лео Меси. Постигнува голови и асистира. Но проблем е Нејмар како личност. Треба да порасне. Додуша, тој само го прави она што животот го научил“.