Категорија: Германија 08.07.2020 13:44
Роман Абрамович сака да го врати Челси на врвот во Англија, Русинот планира повторно да инвестира значителна сума за нови засилувања. Сините веќе ги обезбедија потписите на Зијеш и Вернер, а следен на нивната листа е Хаверц.
Тој сака трансфер во Челси и планира да достави и барање за трансфер до Баер Леверкузен доколку германскиот клуб одбива да го продаде.
Се верува дека Леверкузен за негово заминување бара околу 100 милиони евра, но Челси го цени фудбалерот на околу 75.
Очекувањата се дека Леверкузен ќе попушти во барањата и ќе најде заеднички јазик со Челси за реализација на овој трансфер.