24фудбал

Нова глупост на Јовиќ: Во Мадрид на гости му дошол другар од Белград позитивен на коронавирус

На Лука Јовиќ очигледно не му доаѓа памет, напаѓачот на Реал е во изолација откако во Мадрид му дошoл на гости другар од Белград кој е позитивен на коронавирус.

Шпанија

Лука Јовиќ минатото лето стана најскапиот фудбалер од Балканот откако Реал Мадрид за неговите услуги плати 60 милиони евра. Но напаѓачот има катастрофална сезона, и најчесто е во фокусот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот.

Откако се повреди додека беше во карантин и паузираше два месеци, Лука Јовиќ му се стави на располагање на Зинедин Зидан и влезе од клупата за резерви против Атлетик Билбао и помина некоја минута на теренот.

Сепак, тој одново е под знак прашалник поради нова глупост. Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, фудбалерот е во изолација откако бил во контакт со лице позитивно на коронавирус.

Друга на Јовиќ во понеделникот пристигнал во Мадрид од Белград, а протоколот на „кралевите“ налагал тој да биде тестиран. Кога се дознало дека лицето е позитивно на коронавирус, веднаш било тргнато од окружувањето на фудбалерот, но бељата веќе била направена.

Лука Јовиќ исто така направил тест, кој е негативен, но протоколите налагаат тој да биде во изолација. Реал Мадрид нема да го прими назад на тренинг се додека и вториот тест не биде негативен, а можно е да инсистираат и на трет негативен тест. „Кралевите“ не сакаат ништо да ризикуваат, особено сега кога се на чекор до титула во Ла Лига.