24фудбал

Јувентус тргнува по Траоре

Траоре има одлична сезона зад себе иако не е прва опција кај Нуно Еспирито Санто, на 32 настапи успеа да постигне четири погодоци, а зад своето име да запише уште и девет асистенции.

Италија

Италијанскиот првак Јувентус наводно влегува во трката за потписот на Адама Траоре од Волверхемптон, а за офанзивецот конкуренција ќе има во Ливерпул и Манчестер Сити ова лето.

Според пишувањата на „ЕСПН“, 24 годишниот Шпанец би си заминал од Вулверхемптон во случај Премиерлигашот да не успее да избори место за позициите кои водат во Лигата на шампионите идната сезона.

Таквата можност сакаат да ја искористат во Јувентус, но јасно е дека за неговиот потпис ќе имаат голема конкуренција, особено во Манчестер Сити кој е мошне сериозен во таа намера, откако Лерој Сане се приклучи на Баерн Минхен.

Траоре има важечки договор со Вулверхемптон до 2023. година, па извесно е дека тимот од „Молењу“ го очекува добра заработка ова лето од негова евентуална продажба.

Офанзивецот се стекна со голема популарност во фудбалска Англија најмногу поради својата конституција, располага со одлична техника, а веќе докажа дека е мошне брз во својата игра, фудбалер кој е едноставно нерешлива енигма за дефанзивците.