24фудбал

Патрик четири меча на „ладење“, гризнатиот Донати му прости на Шпанецот (ВИДЕО)

Расте нервозата во составот на Лацио, откако тимот на Симоне Инзаги два меча во низа запиша исто толку и порази, а полека но мошне сигурно се губи здивот во битката за титулата во „Серија А“ со неприкосновениот Јувентус.

Италија

По убедливиот пораз од Милан (0-3), тимот на Лацио запиша уште еден во низа, но овој пат кај Лече кој се бори за опстанок, со резултат 2-1, а по пресврт по кој домаќините дојдоа до драгоцени три бода.

Како и да е, мечот го одбележа срамниот потег на шпанскиот дефанзивец Патрик кој во моментите додека неговиот тим се бореше да избегне пораз на ова гостување, го гризна Донати, а од ВАР собата реагираа барајќи исклучување, што воедно и се случи.

Дисциплинската комисија во фудбалска Италија утрово донесе конечна одлука за потегот на Патрик, со што фудбалерот на Лацио доби суспензија од четири меча, а интересна е изјавата на Донати, кој наведе дека Патрик му се извинил за гестот.

Тој ништо не ми стори, веднаш ми се извини, имајте го тоа на ум, и јас исто знам да реагирам емотивно на моменти, го разбирам Патрик, тоа беше навистина тежок меч, неговиот потег беше казнет, но тој не ми нанесе никаква повреда, барам од луѓето подолго да размислат пред да го осудуваат“ рече Донати по мечот.