24фудбал

Милан ќе го следи моделот на Ливерпул

Шефот за приход на Милан, Каспер Стajлсвиг вели дека тие разговарале со Ливерпул бидејќи го поминуваат истиот пат.

Италија

Ливерпул минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а оваа триумфираше во Премиерлигата и стана шампион на Англија прв пат после 30 години.

Црвените иако се легендарен клуб, долг им беше патот до враќањето на врвот, Милан смета дека ја дели истата судбина со Ливерпул, па се консултираат со нив.

Во сезоната 2018-19 Ливерпул има направено три пати повеќе приход од Милан.

„Ние комуницираме со Ливерпул бидејќи тие беа на истиот пат на кој сега сме ние“, вели Каспер Стаjлсвиг за „Асошиејтед прес“.

„Работиме многу напорно за да се вратиме таму каде што треба да бидеме, и од таа перспектива вратите полесно се отвараат кога имате освоено седум титули во Лигата на шампионите“.

„Играњето во Европа е на врвот на агендата. Тоа е нашето природно место каде што треба да бидеме“.

„Пред четири, пет години никој не можеше да види дека Ливерпул ќе биде таму каде што е денес“.

„Тие играат многу атрактивен фудбал, победуваат, имаат фантастичен тренер, фантастичен тим, имаат и одличен комерцијален успех“.

„Потребно е време, но нивниот модел ми се чини дека работи. Тие очигледно се глобален бренд“.

„Можеби во изминатите години премногу зборуваме за италијанскиот пазар и моменти како со коронавирусот не притискаат да размислуваме повторно за глобалниот пазар“.