24фудбал

Мануел Пелегрини ќе биде новиот тренер на Бетис

Славниот Мануел Пелегрини од следната сезона ќе биде нов тренер на Бетис откако стави потпис на тригодишен договор со клубот.

Шпанија

„Бетис потпиша со чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини кој ќе го води тимот од идната сезона. Договорот е со трајност до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на Бетис.

Мануел Пелегрини во својата тренерска кариера водел повеќе клубови, а меѓу најпознатите од нив се Ривер Плата, Виљареал, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Вест Хем.