24фудбал

„Мегваер секој ден на својата сопруга и вели дека ја оплескал работата, а заработува толку многу“

Веројатно најмногу поради грешките на Мегваер, Солшер беше запрашан на прес конференција дали размислува за одредено засилување во дефанзивната линија, на што Норвежанецот одговори негативно.

Англија

Централниот дефанзивец на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер изминатиов период се соочува со зачестени критики на своја адреса кои се темелат на неговите грешки во одбраната на „Црвените ѓаволи“.

Поранешниот фудбалер Рафаел ван дер Варт не го криеше своето мислење за Мегваер кого трансферот од Лестер го чинеше Манчестер јунајтед цели 80 милиони фунти, инаку светски рекорд за еден дефанзивец.

Јас мислам дека Мегваер секој ден кога ќе отиде во својот дом и вели на својата сопруга: Ја оплескав работата, но заработувам многу, тие навистина мислат дека јас сум добар. Јас навистина ова го мислам, им се смее на сите“ вели поранешниот холандски фудбалер во изјавата за „Зиго“, додавајќи дека му е мошне нејасна големата цена на Англичанецот.

Доколку тој има толкава вредност на трансфер пазарот, Вирџил  ван Дајк во тој случај вреди 300 милиони фунти, доколку јас би играл со аматери во недела наутро, можам лесно да пронајдам тројца кои го можат тоа што го може Мегваер на теренот, тоа го мислам сериозно, можеби за некои е глупаво ова што го велам, но навистина го мислам тоа“ додаде Ван дер Варт.