24фудбал

Џовани Симеоне: Сакам да играм за Атлетико Мадрид без разлика дали татко ми ќе биде тренер или не

Напаѓачот на Каљари, Џовани Симеоне вели дека сонува да заигра за Атлетико Мадрид, би бил среќен татко му да е тренер, но тоа не е причината поради која сака да го облече дресот на овој клуб.

Шпанија

25-годишниот Џовани Симеоне е член на Фиорентина, но оваа сезона настапува како позајмен фудбалер за Каљари.

Многумина сонуваат да играат во Реал Мадрид или Барселона, но Симеоне сонува за настап во Атлетико Мадрид.

„Повеќе од било што друго“, одговори Симеоне запрашан од „ЕСПН“ дали би сакал да игра за Атлетико Мадрид.

„Тоа е затоа што уште од мал сакав да играм за нив. Мојот татко е тренер таму, но и да не е сакам да играм за нив. Тоа е сон кој го сонувам уште од дете и тоа е она кое го сакам“.

„Се надевам дека тој ќе ми биде тренер еден ден, иако е тешко да потпишам за нив додека татко ми е тренер“.