24фудбал

Три големи бода за Мајорка против Леванте, Барди одигра цел меч, Трајковски преседе на клупата (ВИДЕО)

Мајорка со 2-0 го победи Леванте и освои три големи бода кои им носат надеж за опстанок во Примера.

Шпанија

Александар Трајковски од клупата за резерви ја проследи победата на својот тим, Барди се врати по суспензијата и одигра цел меч но не успеа да му помогне на својот тим да избегне пораз.

Мајорка поведе со гол на Кучо во 40. минута, а Кубо во 84. ги постави конечните 2-0.

Мајорка се уште се наоѓа во опасната зона, но сега, на три кола до крајот има само три бода помалку од Алавес.