24фудбал

Моќна партија на Манчестер јунајтед против Астон Вила за лесна победа (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Астон Вила и освои три многу важни бода во битката за пласман меѓу четирите најдобри во Премиерлигата.

Англија

Тимот на Солшер доминираше на Вила Парк, одигра многу подобро од домаќинот, создаде повеќе шанси, даде три гола и заслужено дојде до победата.

Резултатот беше отворен со непостоечки пенал кој доби амин и од ВАР. Фернандеш го згазна противничкиот играч но наместо фаул за Астон Вила беше досуден пенал за Јунајтед. Бруно Фернандеш го реализираше за водство од 1-0.

Во судиското продолжение од првиот дел Гринвуд кој игра во фантастична форма реализираше за водство на Манчестер јунајтед од 2-0.

Течеше 58. минута кога на сцена стапи дуото Фернандеш-Погба. Португалецот асистираше, а Французинот со прекрасен удар од далечина реализираше за победа од 3-0.

Манчестер јунајтед останува на петтото место, но сега има само еден бод помалку од Лестер.