24фудбал

Интер повторно прокоцка победа, наместо борба за Скудето сега е четврти (ВИДЕО)

„Нероаѕурите“ испуштија два бода на гостувањето на Бентегоди откако примија гол во финишот, избраниците на Антонио Конте наместо да се борат за Скудето, сега се на позицијта број четири.

Италија

Интер повторно прокоцка победа, вечерва имаше 1-2 против Верона, но во финишот прими гол и испушти два бода.

Домаќините одлично го отворија мечот и поведоа веќе во 2. минута. Лазовиќ лесно се ослободи од Шкрињар и потоа го матираше Хандановиќ на првата статива.

Интер сепак брзо направи пресврт на стартот од вториот дел и по само десетина минути игра во продолжението дојде до предност. Најпрво Кандрева изедначи на 1-1 за потоа Димарко да си постигне автогол за 1-2.

Сепак, избраниците на Антонио Конте не успеаја да го сочуваат водството, во 86. минута Велосо прецизно погоди во долниот агол за 2-2.

Ова е трет кикс на „нероаѕурите“ по ре-стартот на сезоната, па наместо да се борат за Скудето сега се на позицијата број четири на табелата.