24фудбал

Ибрахимовиќ: Кој е Рангник? Не ни знам кој е тој

Златан Ибрахимовиќ не е импресиониран од потезите на раководството на Милан и тешко дека и следната сезона ќе биде дел од росонерите.

Италија

И покрај тоа што Милан игра добро во последно време, имаше импресивни победи над Лацио и Јувентус, тренерот Стефано Пиоли ќе замине од клубот а на негово место ќе биде назначен Ралф Рангник.

„Кој е Рангник? Дури не ни знам кој е тој“, вели Ибрахимовиќ во интервју за „Газета дело Спорт“.

„Зборувам за мене и за тимот. Потребни ми се некои објаснувања за иднината, и за мојата и за таа на Милан. Реков дека ова не е Гранде Милан кој го искусив еднаш, тоа е точно, но мора да го даваме најдоброто од нас и во оваа ситуација. Цело време“.

„Ибра е тука, Ибра се грижи. Треба да бидам тука или ќе ги изгубите фанови. Не знам дали ќе играм и во друг клуб после Милан, никогаш не сакам да ги затворам вратите за можностите. Но ќе одам некаде каде што ќе имам некоја контрола, не каде што зборовите нема да значат ништо. Се уште имам голема пасија“.

Ибрахимовиќ не знае дали ќе се пензионира по крајот на оваа сезона. Во интервјуто тој најчесто одговараше во трето лице.

„Ибра беше роден да игра фудбал и се уште е најдобар во играње фудбал. Ќе видиме како ќе се чувствувам за два месеци. Исто така ќе видиме што ќе биде со клубот. Доколку остане оваа ситуација, да бидам искрен, тешко дека ќе бидам во Милан и следната сезона“.

„Ибра не е фудбалер за Лига Европа и Милан не е клуб кој припаѓа во Лига Европа“.