24фудбал

Тиери Анри клечеше на колено 8 минути и 46 секунди, ова време не е случајно (ВИДЕО)

Тиери Анри во знак на протест против расизмот, клечеше на колено осум минути и 46 секунди на мечот на Монтереал Импакт против Њу Ингланд Револушн.

Англија

Носејќи маичка „Black Lives Matter“, Анри прво заедно со сите останати на теренот клекна на колена во знак на поддршка за борбата против расизмот и во чест на убиениот Џорџ Флојд, а потоа продолжи уште долго да клечи.

Тој клечеше осум минути и 46 секунди, тоа е точното време за кое полицаецот Дерек Чаувин со колено на вратот го газеше Флојд.