24фудбал

Извлечена ждрепката за Лигата на шампиони

Попладнево во Нион беше одреден расплетот на Лигата на шампионите, најелитното европско натпреварување ќе финишира со Ф8 турнирот во Лисабон.

Лига на Шампиони

Пандемијата на коронавирус го промени форматот во Лигата на шампионите, па оваа сезона, шампионот на Европа ќе го добиеме со Ф8 турнир во Лисабон. Попладнево во Нион беше одреден расплетот на најелитното европско натпреварување, односно четвртфлинаните и полуфиналните натпревари.

Првиот пар го сочинуваат победникот од двомечот помеѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид и пресметката помеѓу Јувентус и Лион.

Лајпциг за противник го доби Атлетико Мадрид, а третиот пар ќе го дадат подобрите од дуелите помеѓу Барселона и Наполи и Баерн Минхен и Челси. Најпријатното изненадување Аталанта ќе игра против ПСЖ.

Што се однесува до полуфиналето, ждрепката сакаше подобриот од првиот пар да се сретне со подобриот од третиот, а подобриот од вториот пар ќе игра против подобриот од четвртиот пар.

Четвртфинале во Лигата на шампиони:

Манчестер Сити/Реал Мадрид – Јувентус/Лион

Лајпциг – Атлетико Мадрид

Барселона/Наполи – Баерн Минхен/Челси

Аталанта – ПСЖ

Полуфинале во Лигата на шампиони:

Манчестер Сити/Реал Мадрид – Јувентус/Лион - Барселона/Наполи – Баерн Минхен/Челси

Лајпциг/Атлетико Мадрид  - Аталанта/ПСЖ

Четвртфиналните натпревари се играат од 12 до 15 август, полуфиналните дуели се на 18 и 19 август, а финалето е на 23 август. Сите овие мечеви ќе се одиграат во Лисабон.

Претходно на 7 и 8 август ќе се одиграат реваншите на четирите осминафинални натпревари кои не се доиграа. Јувентус со негатива од 1-0 ќе го пречека Лион, Манчестер Сити е домаќин на Реал Мадрид со предност од 2-1, Баерн Минхен на свој терен ќе почне со водство од 3-0 против Челси, Барселона и Наполи ќе почнат со 1-1.

Реванш натпревари од осминафинале во Лигата на шампиони:

Јувентус - Лион (0-1)

Манчестер Сити - Реал Мадрид (2-1)

Баерн Минхен - Челси (3-0)

Барселона - Наполи (1-1)