24фудбал

Милионите ги спојуваат Зидан и Роналдо?!

Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо би можеле одново да соработуваат доколку се оствари сонот на Мохамед Ајаши Ажруди, кој сака да го купи Марсеј

Франција

Бизнисменот од Тунис кој има и француско државјанство, Мохамед Ајаши Ажруди сака да стане нов сопственик на Марсеј. Тој има големи планови и сонува да го донезе Зинедин Зидан на клупата, како и Кристијано Роналдо во нападот.

„Го обожавам фудбалот. Ми се допаѓа германската дисциплина, особено таа на Баерн Минхен. Исто така го ценам стилот на игра на Барселона. Кристијано Роналдо пак е фудбалерот кој никогаш нема да заборавам. Сакам почит и дисциплина, a тој е олицетворение на ова. Дали сонувам за негово пристигнување во Марсеј? Се е возможно во животот. Соништата ме движат напред“ – вели Мохамед Ајаши Ажруди.

„Тренерот кој сега е на клупата (Андре Виљаш Боаш) е навистина добар, но дали има нешто подобро од тоа да го вратиме локалниот херој“.

Запрашан дали мисли на Зинедин Зидан, тој со насмевка на лицето одговорил: „Иднината ќе ни каже“.