24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Мане со наполнети батерии влегува во пресметката со Барнли

Претстојниов викенд на програмата се натпреварите од 35. коло во англиската Премиерлига, со тоа за мошне брзо се враќаат возбудувањата и во Фантази Премиерлигата, откако претходното коло заврши синоќа.

Останато

Добредојдовте во уште една анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за нашите натпреварувачи во Фантази Премиерлигата, кои ги има во голем број, односно над седум илјади.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Не можеме да се пофалиме со добро скроена тактика во однос на претходното коло, нашиот предложен состав освои вкупно 52 бодови, во коло каде просекот изнесуваше 60, меѓутоа радува фактот што главната понуда беше Вилијан од Челси кој освои 11 бода, а со тоа Бразилецот продолжи со импресивните изданија.

Претходната анализа: „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Фокусот на Челси, може ли Вилијан да продолжи во исто темпо?

Веќе изминатото коло ја одбележа првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах кој запиша 18 бода, по него следеа Давид Силва од Манчестер Сити со бод помалку, односно Џон Иган од Шефилд Јунајтед со 15 бода, место помеѓу најдобрите имаше и за феноменалниот Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед кој заокружи 14 бода.

Разочарување на колото сигурно беше ремито без голови на Тотнем кај речиси испаднатиот од елитното друштво Борнмут, а дополнителен проблем беше фактот што Сон беше одморен едно полувреме од страна на Жозе Мурињо во пресрет на градското дерби со Арсенал.

Повторно бележиме блесок на избраниците на Оле Гунар Солшер во убедливата победа на Манчестер јунајтед кај Астон Вила со 0-3, Мејсон Гринвуд, Бруно Фернандеш и Пол Погба беа предводници на „Црвените ѓаволи“, а интересно е тоа што Јирген Клоп се реши за речиси најдобриот избор во сопствените редови во победата кај Брајтон со 1-3, каде „брилјираше“ Мохамед Салах.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Традиционално, во воведниот дел пред селекцијата на фудбалери, ќе обрнеме внимание на актуелната ситуација во поглед на трансферите во пресрет на новото коло, а таму речиси и да нема изненадувања.


Мејсон Гринвуд е веќе дел од предводниците на Манчестер јунајтед, токму тој е првиот најкупуван фудбалер за ова коло, а по него следи напаѓачот на Лестер, Џејми Варди кој конечно се врати во својата добро препознатлива форма, а водечката тројка ја комплетира неверојатниот Вилијан од Челси.

Што се однесува пак до онаа друга листа, напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез е фудбалерот кој до овој момент најмногу се ослободуваат натпреварувачите, интересен е фактот што по него следи напаѓачот на Манчестер јунајтед,  Маркус Рашфорд кој веќе е во сенка на останатите свои соиграчи.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Како и претходните кола, така и ова, одиме на сигурно на голманската позиција, па тука ќе го селектираме Давид Де Хеа (5.3) од Манчестер јунајтед кој со својот тим на домашен терен ќе има пресметка со Саутемптон, што е можност за меч без примен гол за фаворитот, а со самото тоа и бодови за клин-шит за шпанскиот голман.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Малку недостасуваше Арон Ван-Бисака (5.5) да постигне гол во убедливата победа на Манчестер јунајтед кај Астон Вила, но, на крајот само се задоволи со пет бодови од својот настап, а викендов на домашен терен пред себе ќе ги има фудбалерите на Саутемптон кои сигурно дека мака ќе мачат како до гол против неверојатниот Манчестер јунајтед.

Чаглар Сојунџу (5) е веројатно една од посигурните опции за одбраната во ова коло, стоперот на Лестер е мошне добар во своите задачи, а често освојува и бонус бодови поради своите одлични изданија, викендов „Лисиците“ гостуваат кај Борнмут, што е можност Турчинот да освои бодови од клин-шит опцијата.

Би било интересно да увидиме какво би било изданието на Патрик ван Анхолт (5.6) од Кристал Палас, кој со својот тим гостува кај Астон Вила, екипа која со една нога е веќе во понизок ранг, а холандскиот бек е мошне интересен избор кај натпреварувачите, често знае да запише големи бодови зад своето име, па би било интересно да се испроба оваа варијанта.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Со оглед на фактот што во дефанзивната линија селектиравме тројца, за ова коло препорачуваме формациска поставеност од 3-5-2, па во однос на средниот ред ќе започнеме со Мане (12.3) од Ливерпул. Сосема очекувани се ротаците во новиот шампион во Премиерлигата кои ги прави Јирген Клоп, Сенегалецот беше одморен во победата кај Брајтон, а влегува сосема свеж во мечот на домашен терен против Барнли.

Пол Погба (8.3) од Манчестер јунајтед со само еден постигнат гол успеа да запише два бода бонус во победата кај Астон Вила, евидентно е дека Французинот се враќа во својата форма на едно повисоко ниво, комуникацијата со Фернандеш, а воедно и нивната соработка е одлична на теренот, но, за ова коло ќе имаме еден сосема поинаков пристап, па ќе понудиме една доста интересна селекција на фудбалери кои би можеле да запишат и повеќе од солидни изданија ова коло, еден од нив е секако Погба, барем според нашите очекувања.

Веројатно би било ризик да не го селектирате Вилијан (7.3) од Челси, Бразилецот викендов гостува кај Шефилд јунајтед, а по рестартот има блескави перформанси, како за илустрација, во само пет меча по рестартот на сезоната запиша неверојатни 46 бодови, односно четири гола и две асистенции.

Сон (9.7) несомнено е најдобриот поединец во Тотнем сезонава, која за волја на вистината е разочарувачка за овој клуб, викендов ќе проследиме големо градско дерби во Лондон, каде Тотнем на домашен терен ќе ги одмери силите со ривалот Арсенал, а Сон одигра само едно полувреме кај Борнмут, со тоа што Жозе Мурињо јасно стави дознаење дека Кореецот му е потребен свеж за дербито викендов.

Иако за многумина би звучело како изненадување, но, силно веруваме дека ова е вистински момент кога би можеле да му дадете шанса на Абдулаје Дукуре (5.5) од  Вотфорд како една евтина алтернативна опција. Вотфорд по победата над Норич, сега против Њукасл исто на домашен терен може барем за момент да го потврди опстанокот во елитното друштво, а фактот што Французинот игра веднаш зад Трој Дини како полушпиц, отвора можност конечно да погоди по пауза од цели осум меча, инаку станува збор за втор фудбалер по освоени бодови сезонава во Вотфорд.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Првата ѕвезда на  Лестер, Џејми Варди (9.8) е навистина добар избор за ова коло, „Лисиците“ гостуваат кај Борнмут, за  Варди тоа ќе биде можност трет меч во низа да се запише во листата на стрелците, тоа го стори во дуелите против Кристал Палас (2), односно Арсенал (1).

Од причина што очекуваме офанзивен фудбал во градското дерби помеѓу Тотнем и Арсенал, веќе го селектиравме Сон во средниот ред, а во нападот предност ќе му дадеме на Пјер-Емерик Обамејанг (10.9), фудбалер од кого зависи целата игра на Арсенал, велат, ако нешто очекувате во редовите на „Топчиите“, барајте го во Габонецот.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe


Предлог-состав: ДЕ ХЕА (5.3) / ВАН-БИСАКА (5.5), СОЈУНЏУ (5), ВАН АНХОЛТ (5.6) / МАНЕ (12.3), ПОГБА (8.3), ВИЛИЈАН (7.3), СОН (9.7), ДУКУРЕ (5.5) / ВАРДИ (9.8), ОБАМЕЈАНГ (10.9)

Капитен: МАНЕ

Заменик-капитен: Варди


На сајтот на Фантази Премиерлигата во анализата за претстојното коло излегоа големи очекувања од Мане за ова коло, се наведува дека Сенегалецот влегува свеж, од причина што беше одморен претходното коло, а ќе потсетиме дека Мане во првиот меч против Барнли сезонава постигна еден гол во победата од 3-0, вкупно запишувајќи осум бода од тој меч.

Ќе биде добро да размислите и за Ентони Марсијал од Манчестер јунајтед, Французинот беше максимално разочаран откако Оле Гунар Солшер одлучи да го повлече од игра, а Французинот ги импресионираше навивачите на „Црвените ѓаволи“ по таа реакција, а импресиониран беше и самиот Солшер, поради големата желба за докажување кај напаѓачот кој има одлична сезона зад себе.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

За крај на анализата ќе се осврнеме и на актуелната ситуација на табелата во генералниот пласман во лигата на „Македонија“, како и онаа на „24фудбал“.

Во генералниот пласман каде се сите натпреварувачи на едно место од нашата земја, лидер на табелата е Давид Трајчевски со досега освоени 2179 бода, имате можност да се запознаете со неговиот избор од претходното коло.



Во однос на лигата на „24фудбал“, таму лидер е Бојан Јовановиќ кој досега освои 2146 бодови, имате можност да се запознаете и со неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe