24фудбал

Ибрахимовиќ: Ова не е мојот Милан... клубот не е тоа што беше

Златан Ибрахимовиќ одново со тешки зборови, напаѓачот го критикува раководството на Милан и под знак прашалник ја стави својата иднина во „црвено-црниот“ дрес.

Италија

Швеѓанецот не е импресиониран од она што го гледа на Сан Сиро па во интервју за Газета дело Спорт упати критики и фрли сомнеж на неговата иднина во клубот.

Во разговор со Спортмедиасет, Златан Ибрахимовиќ одново упати тешки зборови.

„Ова не е мојот Милан, сега се работи на еден друг начин и целите не се тоа што беа во минатото, ниту пак се исти со она што јас го имам на ум за Милан. Сакам да видам како тимот се бори за Скудетото и за Лигата на шампиони“ - вели напаѓачот.

„И понатаму уживам во играњето фудбал, но не играм за нов договор. Играм за да ги стигнам целите кои ме стимулираат. Не знам дали и следната сезона ќе играм за Милан“.

Запрашан дали очекува повик од првиот човек на клбот, Иван Газидис, тој одговара: „Не знам, до сега никој ми се нема јавено“.