24фудбал

Скандал во ПСЖ: Нејмар му ја украл свршеницата на соиграч

Магазинот „Чи“ открива скандалозна љубовна афера во ПСЖ, Нејмар му ја украл свршеницата на соиграчот Кевин Трап, моделот на Викторија Сикрет, Изабел Гулар.

Франција

Според магазинот, Нејмар го искористил отсуството на германскиот голман Кевин Трап кој беше во својата земја и му украл свршеницата.

Нејмар и моделот на Викторија Сикрет, Изабел Гулар заминале во Бразил кога коронавирусот беше најактуелен во Европа.

Сега наводно Гулар го оставила Трап и е во врска со Нејмар.

Трап оваа сезона бранеше за Ајнтрахт Франкфурт, но планот е летово да се врати во ПСЖ. Нејмар сака да замине од францускиот клуб но неизвесно е дали ќе му успее тоа. 

Доколку и двајцата се погодат да бидат во ПСЖ следната сезона, ваквата афера може да влијае на атмосферата во тимот.