24фудбал

Алиоски: Ние сме најсилниот тим во лигата и заслужуваме да ја освоиме

Лидс е на добар пат кон пласман во Премиерлигата, до крајот на Чемпионшип има уште четири кола а тие се лидери со шест бода пред третопласираниот Брентфорд.

Англија

Лидс е прво место на табелата со еден бод повеќе од ВБА, но шест пред Брентфорд кој на првото место (трето) кое не оди директно во Премиерлигата.

Алиоски вели дека тие имаат најсилен тим и заслужуваат да останат на првото место, не само да се пласираат во Премиерлигата.

„На никој не му е гајле дали Брентфорд ќе победува или не. Ние треба да гледаме за нас. Брентфорд треба да се надева дека ние нема да победиме. Ние не треба да се надеваме дека тие ќе загубат бидејќи знаеме дека сме најсилниот тим во лигата и знаеме дека кога ќе излеземе на теренот можеме да го победиме противникот, па Брентфорд треба да мисли дека ние треба да загубиме“, вели Алиоски.

„Грешки секогаш може да се случат. Тимовите кои играат против нас даваат повеќе од 100 проценти, но и ние исто така треба да дадеме повеќе од 100 проценти. Тимот е фит, тимот е подготвен, има многу самодоверба“.

„Овој тим треба да ја освои лигата. Овој пат го заслужуваме тоа. Така е многу подобро да влеземе во Премиерлигата. Се разбира дека првите два тима одат директно, но ние треба да ја освоиме лигата и да покажеме дека сме најдобриот тим“.