24фудбал

Срамно однесување на Бејл, маската си ја стави преку очи и го „преспа“ мечот со Алавес (ВИДЕО)

Камерите го уловија Герет Бејл како се глупира на клупата на Реал Мадрид на дуелот со Алaвес, Велшанецот во еден дел од мечот реши маската да ја стави преку очи и да си дремне малку.

Англија

Герет Бејл е најплатениот фудбалер на Реал Мадрид, има годишна плата од околу 17 милиони евра со бонуси, но „кралевите“ имаат малку аир од него на теренот. По ре-стартот на сезоната, тој одигра само 100 минути и на дури шест меча преседе на клупата за резерви.

Така беше и синоќа против Алавес, Зинедин Зидан реши да не му даде шанса на Велшанецот.

Па кога не може да покаже што умее на теренот, Герет Бејл реши малку да се глупира на клупата, или овој случај трибините. Напаѓачот во еден дел од мечот реши маската да ја стави преку очи и да си дремне малку.

Овој потег сигурно нема да им се допадне на навивачите кои од порано му имаат замерено на Герет Бејл за неговото однесување.