24фудбал

Контроверзно им поништија гол па во 91. минута го шокираа Лацио, Сасуоло го освои Олимпико (ВИДЕО)

Лацио нанижа три порази откако попладнево загуби од Сасуоло, гостите со гол во 91. минута направија комплетен пресврт и триумфираа на Олимпико со 1-2.

Италија

„Бјанкочелестите“ се се подалеку од битката аз Скудетото, попладнево загубија дома од Сасуоло и нанижаа три порази во низа. Мечот почна со контроверзна одлука, гостите поведоа со голот на Распадори но ВАР го поништи и покрај тоа што од повторените снимки се гледа дека Пароло играше со топката и не треба да има офсајд.

Кратко потоа Ѓуриќиќ ја погоди рамката од голот, а за неискористените прилики, Лацио казни во 33. минута, Луис Алберто донесе водство од 1-0.

Сепак, на стартот од вториот дел Распадори одново ја затресе мрежата на домаќините, овој пат се беше чисто и на семафорот гласеше 1-1.

Лацио немаше идеја како да се врати во игра, па избраниците на Инѕаги беа шокирани во првата минута од судиското надополнување, Капуто начека една спуштена топка на втората статива и ја затресе мрежата за 1-2.