24фудбал

Клубовите од втората и третата лига нема да плаќаат котизација

Како мерка за помош на фудбалските клубови во периодот на пандемијата од коронавирус, ФФМ одлучи да ги ослободи клубовите од втората и третата лига од плаќање котизација за следната сезона.

Македонија

На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

- Управниот одбор на ФФМ донесе одлука со која ги ослободува од плаќање котизација екипите од Втора МФЛ - Исток, Втора МФЛ - Запад и екипите од Трета МФЛ за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Ослободувањето од котизација за екипите од Втора МФЛ и Трета МФЛ, Управниот одбор на федерацијата ја донесе како една од суштинските мерки во соочувањето на фудбалските клубови во нашата држава со кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19;

Фудбалската федерација на Македонија, минатата година, ги ослободи од плаќање котизација за учество во Прва МФЛ, екипите од најдобрата наша конкуренција.

- Управниот одбор на ФФМ на денешната седница ги усвои листите за судии и контролори за натпреварувачката сезона 2020/2021;