24фудбал

Тежок пораз на Челси, Шефилд ги израдува Лестер и Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Шефилд јунајтед со убедливи 3-0 го победи Челси кој по ова коло може да биде исфрлен од топ четири на табелата.

Англија

Челси доживеа неочекувано тежок пораз на гостувањето кај солидниот тим на Шефилд јунајтед.

Серијата ја отвори и ја затвори Мекголдрик, а еден погодок беше дело на Мекбруни.

Доколку Лестер и Манчестер јунајтед ги добијат своите натпревари, Челси ќе падне на петтата позиција на табелата.

Лестер утре му гостува на Борнмут, а Манчестер јунајтед во понеделник го пречекува Саутемптон.