24фудбал

Гол на Видал, рекорд на Меси за победа на Барселона (ВИДЕО)

Барселона со минимални 1-0 победи на гостувањето кај Ваљадолид и ја одржа надежта за титулата во Примера, Лео Меси постави рекорд.

Шпанија

Клучниот момент се случи во 15. минута од натпреварот кога по асистенција на Меси, Видал постигна гол за водство и победа на Барселона од 1-0.

Ова беше 20. асистенција за Меси оваа сезона, тој стана првиот фудбалер во Ла Лига кој има 20 голови и 20 асистенции.

Со оваа победа Барселона дојде на бод до Реал Мадрид, но кралскиот клуб има и натпревар помалку.