24фудбал

Кога те сака, те сака: Стерлинг го постигна еден од најкомичните голови за хет-трик против Брајтон (ВИДЕО)

Манчестер Сити со убедливи 0-5 славеше на гостувањето кај Брајтон, Рахим Стерлинг забележа хе-трик со огоромна доза на среќа, последниот погодок на Англичанецот е еден од најкомичните.

Англија

„Граѓаните“ на втор натпревар во низа броеја до пет. Откако пред неколку дена настрада Њукасл, вечерва избраниците на Пеп Гвардиола славеа со 0-5 на гостувањето кај Брајтон.

Резултатот го отвори Рахим Стерлинг, напаѓачот во 21. минута погоди од работ на шеснаесетникот за 0-1. Пред крајот на првиот дел, Жесус рутински реализираше за 0-2.

На стартот од вториот дел, Манчестер Сити поведе со 0-3. Дефанзивците на Брајтон го оставија сам Стерлинг на пет метри, па Англичанецот лесно со глава ја затресе мрежата.

Во 56. минута, Бернардо Силва се запиша во листата на стрелци за 0-4, а конечниот резултат беше поставен на десетина минути пред крајот.

Стерлинг изгуби еден воздушен дуел, падна на тревата, топката го удри во глава и го изненади домашниот голман, му мина низ нозе и преку гол линијата за 0-5.