24фудбал

Аталанта го надигра Јувентус, два пенали ги спасија „бјанконерите“ од пораз (ВИДЕО)

Возбудлив натпревар во Торино, Аталанта го надигра Јувентус и два пати беше во водство, но домаќините со два гола на Роналдо од пенал се спасија од пораз.

Италија

Аталанта не успеа да се вмеша во трката за Скудетото, но се прикажа во одлично светло во Торино. Избраниците на Гасперини го надиграа Јувентус, беа на чекор до победа, но примија гол во финишот од мечот.

Резултатот беше отворен во 16. минута, по една одлична акција, Запата го совлада Шчесни за 0-1.

Јувентус се мачеше, но стигна до изедначување по десетина минути игра во вториот дел. Де Рон играше со рака по центаршутот на Дибала, а Роналдо од белата точка реализираше за 1-1.

Но избраниците на Сари иако ја имаа психолошката предност не наметнаа игра, па Малиновски во 81. минута ја врати Аталанта во водство и погоди за 1-2.

Сепак, во 90. минута Муриел играше со рака, судијата повторно покажа на белата точка а Роналдо одново беше прецизен од 11 метри за 2-2.