24фудбал

Одлична контрола и прецизен удар со десна, Пандев носи водство за Џенова (ВИДЕО)

Џенова поведе со 1-0 против СПАЛ во многу важен натпревар во битката за опстанок, Горан Пандев ги донесе домаќините во предност во 24. минута од мечот.

Македонија

Горан Пандев го постигна голот број 9 оваа сезона во Серија А, Македонецот попладнево ја затресе мрежата на СПАЛ.

Напаѓачот покажа одлична контрола, си создаде простор и потоа со десна нога прецизно биеше за 1-0.